проба (св. и несв.)
Животот е истражување. Пробај еднаш, заплачи.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Нам ни ја подава оваа чаша полна со горчина за да ни ја проба верата во него.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Чекајте првин да ги пробам, - не се збуни Зоки – а потоа ќе ви кажам дали се за броење.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Но чичко Петре му ја зграби секирата: „Само пробај, па ќе видиме колкумина ќе те одвлечат дома!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Изненадено рече: - Кафе! - Пробај да видиш, - сега веќе заинтересирано рече Србин.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
46. СО ГЛАВА ЅИД НЕ СЕ РУШИ - а зарем некој тоа го пробал?
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Ја проба тамбурата дали е нагласена, ги понаплука бургиите што ги стегаа теловите, засвири и викна да пее: Отруј се, отруј, Мишо, мори, Зошто да си жива!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Не. Му ги пробав јадењата...“ „Што јадеше?“ „Кучешка трева со глисти“.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ако ова јадење еднаш се проба, ќе се побара нова порција.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Е, ај, да пробаме пак со ракија. Држам на забот ракија, а со носот шмрчкам нова ракија. Со ноздрата што е кон забот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Не сум чул за такво јадење, вели Гоше Љубин, не сум пробал такво јадење.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И што не кладов. Ај, да пробаме со лук. Ништо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Некои палеа сулфур за да пробат, а некои викаа: Глупости! Варџијата Оруш постојано пиеше и сѐ му беше рамно.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
На бината проба хорот, а јас седам. До мене седна и Жења.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Така, посна, ми вели, не сакаш на живот да пробаш?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас пробав и таквото лепче тогаш го оставив речиси неизедено.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Не можеш ни да знаеш кога не си во состојба да пробаш.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Кривичното гонење на уживателите на дрога не го намалува значително нивниот број. Голем дел од населението има пробано дрога (една третина постари од 12 години има користено, на пример, марихуана).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Така, познат е случајот кога Хавелок Елис (Havelock Ellis) го наговорил познатиот поет Јејтс (W.B.Yeats), да проба мескалин и кога овој халуцинирал разни чудовишта и змејови додека гледал во шарениот столб за огласи негде во Челзи.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Корисниците - и 10-те проценти на учениците од средните училишта кои барем еднаш пробале - се чувствуваат еуфорично, емотивно и пријателски.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)